Центарот за климатски промени – Гевгелија, денeс (9 јули) организира семинар на тема „Обврски кои произлегуваат од законодавството за управување со отпад и предизвици за малите и средните претпријатија за добро управување со отпадот“, кој ќе се одржи во просториите на хотел „Сириус“ во Струмица. Целта на семинарот е да презентира информации и примери за начините на штедење на енергија во производствените капацитети на малите и средните претпријатија во југоисточниот регион на Република Македонија, како и да ја прикаже користа од штедењето на енергија во различните производствени процеси.
Целта на семинарот е да презентира информации за придобивките од добро управување со отпадот во малите и средните претпријатија, како и законодавството за управување со отпад, при што ќе се фокусира на обврските што произлегуваат од законодавството и како полесно компаниите да се усогласат со законските обврски кои произлегуваат од ова законодавство.
Семинарот се организира во рамките на проектот „Промоција на практики за управување со отпад и енергетска ефикасност во прекуграничниот регион“, Реф.бр. 2007CB16IPO007-2012-3-026, а се имплементира од Центарот за климатски промени – Гевгелија и Сојузот на производители на еколошка енергија – БГ, со финансиска поддршка на ИПА програмата за прекугранична соработка Македонија – Бугарија, 2007CB16IPO007.
Главната цел на проектот е да обезбеди техничка помош на малите и средните претпријатија за подобро искористување на енергенсите и воведување на добри практики за управување со отпадот, кои ќе овозможат подобра конкурентост и зголемување на извозната ориентираност кај компаниите, како и намалување на негативните ефекти врз животната средина.