Едно семејство во Франција стана првото во светот кое живее во 3D печатена куќа. Печатењето на куќата со површина од 94 метри квадратни е завршено во само два дена, а уште четири месеци биле потребни за покривот, прозорците, вратите и целосното опремување. Куќата претставува совршен модел за идни вакви проекти. Идејата е да се направи овој вид на домување фантастично ефикасен и ефтин. Модерната технологија интегрирана во објектот овозможува особено олеснување на живеењето за лица со посебни потреби.