Проект: Семејна куќа во Риека
Автори: Петар Мишковиќ и Вања Ристер
Површина на парцела: 900 m2
Бруто површина на објект: 270 m2
Година на проект: 2010
Година на изведба: 2014
Фотограф: Роберт Леш
Куќата се наоѓа на стрмен терен, непосредно над средишниот дел од градот. Косиот терен со пад кон јужната страна нуди прекрасни погледи кон градот, пристаништето и заливот.
Основата на куќата е квадратна, поделена на 10 еднакви полиња. Средишното поле е празно, односно тука е сместена атриумска градина. Околните полиња ги сочинуваат просториите на куќата, секоја на засебно ниво.
Каскадно се спуштаат околу централниот атриум, создавајќи спирала. Куќата нема приземје и кат туку континуирана топографија. Со завиткување на едноставна низа на простории, создадена е специфична архитектонска рамка на животниот стил на семејството.