Семејната куќа „Бункер“ изградена е во Аргентина во предградието на Ла Плата. Проектантите од архитектонското биро Estudio Botteri-Connell велат дека од разговорите со инвеститорите произлегло дека посакуваат „куќа која ќе го интегрира нивниот живот, а ќе има и директна врска со надворешноста. Посакуваа простор кој ќе биде семеен и ја штити интимата. Простор каде што може да се остане буден, додека остатокот од куќата заспива“.
Како одговор на овие барања, куќата на прв поглед е изградена од два различни елемента: бункер кој е цврст, херметички, речиси непробоен и отворен, пропустлив дел за акција, кој ги брише границите во постојано движење.
Куќата „Бункер“ е единствена поетска слика, примитивно засолниште, дом за осамени соништа и интимен простор. Практично празна од надвор, таа „отвора” поголем универзум, чувајќи го живеењето во во својата внатрешност. Куќата од надвор е прикажана на како камен, но сепак постојат форми и линии кои нагласуваат живот внатре.
Основата на куќата составена е од транспарентни мембрани, бели ѕидови и големи површини, зеленило и вода. Водата игра улога во животот на куќата, понекогаш е огледало, а понекогаш и забава, но секогаш е поврзаност меѓу светот и сопствениците.
Светлина секогаш минува низ бетонските ѕидови и секогаш е присутна во куќата во различните простори, простори за семеен живот, работа, дружење, додека помеѓу се креваат бетонски ѕидови.