Насловна / Вести / SemDrain® – ја носи водата на вистинскиот пат!

SemDrain® – ја носи водата на вистинскиот пат!

Планирањето на квалитетно одводнување на еден иден проект е предуслов за долготрајност при користењето. Со цел на пазарот да се понуди ефикасно линеарно одводнување, компанијата Винербергер го збогати своето портфолио на производи со одводни канали SemDrain.

Semmelrock_logo-628-removebg-preview

Иднината на градовите, во услови на динамични климатски промени, бара размислување на иновативен начин и долгорочна грижа за природата. Значителна улога во моделирањето на „микроклимата“ во градската средина имаат големите урбанизирани територии, како патиштата, уличната и тротоарната мрежа, плоштадите, парковите итн. Сите тие во голема мера придонесуваат за климатската удобност во градовите. Честопати не размислуваме на тоа дека овие преовладувачки „запечатени“ површини не дозволуваат водата од дождовите да се впие директно во почвата. Како резултат на тоа, за време на обилни дождови системите за канализација се преоптоваруваат, а нивото на површинските води драстично расте, што, пак, го зголемува ризикот од материјални штети. Токму затоа, проектирањето на ефективен систем за задржување и одведување на насобраната вода околу зградите, на тротоарите, коловозите, патеките и паркинзите е од клучно значење за избегнување поплави по интензивните дождови.

1

Зошто да изберете одводни канали SemDrain®?

Одводните канали SemDrain® се изработени од еден од најцврстите полимерни  материјали – полипропилен. Тој е отпорен на високи температури благодарение на точката на топење од 160°C, доволно е цврст и издржлив на високи оптоварувања и остри температурни амплитуди. Оптималната отпорност на деформации и истегнување, го прави полипропиленот исклучително крут и отпорен на механички оштетувања. Неговата висока хемиска отпорност на соли, киселини и бази го прави одлично решение дури и за сектори како хемиската, фармацевтската и нафтената индустрија. Поцинкуваните решетки, како и решетките од леано железо, се направени од исклучително издржливи материјали кои се отпорни на корозија. Производите SemDrain можат да се рециклираат и имаат:

  • Мала тежина
  • Голема цврстина
  • Едноставно вградување
  • Хидраулични својства
  • Отпорни се на лизгање
  • Хемиска отпорност
  • Заштита од кражба

2 3

Облик и дизајн

Дизајнот и обликот на каналите SemDrain е дизајниран така што каналот и решетката што оди преку него се на ниво со асфалтираната површина. На овој начин истекувањето на атмосферските води е едноставно, а не се нарушува естетскиот изглед на површината, ниту нејзината функционалност. Решетките имаат празни места наредени така што дождовницата тече што повеќе на едната страна, но и за да не поминуваат лисја, гранки, камења и слични предмети во каналот.

Лесна инсталација и ракување со каналите SemDrain

Сите канали од производната линија SemDrain се лесни за манипулација и инсталирање. Она на што треба да се обрати внимание се носечките класи на решетките за избраниот производ да биде во согласност со неговата намена.

  •  SemDrain® DIY („Направи сам“)

Погодни за зони со ниско оптоварување:

  • Пешачки и велосипедски зони
  • Зелени површини и градини
  • Училишни дворови

Димензии: 50 x 100 mm и 100 x 100 mm

Класа на оптоварување: А15

  •  SemDrain®

Погодни за зони со високо оптоварување:

  • Оптоварување од автомобили
  • Паркинзи за автомобили
  • Гаражи

Димензии: 100 x 100 mm

Класа на оптоварување: B125 и C250

Класа на носивост EN 1433

4

Која решетка да ја изберете?

Решетките за одводните канали се изработуваат од различни материјали. Благодарение на тоа можат да бидат адаптирани на вашите индивидуални потреби и барања. Можат да се користат во различни сектори и во рамки на индустриско производство, каде што често се користат материјали што предизвикуваат корозија.

Решетките се највидливите делови од одводните канали, кои се и најизложени на надворешни влијанија, па затоа треба да бидат издржливи на оптоварување и напрегање. Оптоварувањата се класифицираат во согласност со стандардот EN 1433, кој исто така ги определува и карактеристиките и параметрите што решетката треба да ги има при одредено оптоварување што може да го поднесе.

r1

Eлектрогалванизиран челик

» Класа на оптоварување: A15

» Пропустливост: 260 cm²/m

» Тежина: 1,2 kg/m

r2

Решетка од лиено железо

» Класа на оптоварување: B125

» Пропустливост: 348 cm²/m

» Тежина: 4,2 kg/m

r3

Решетка од поцинкуван челик

» Класа на оптоварување: B125

» Пропустливост: 800 cm²/m

»  Тежина: 4,1 kg/m

r4

PAGF решетка

» Класа на оптоварување: B125 и C250

» Пропустливост: 288 cm²/m

» Тежина: 2,3 kg/m

Допoлнителните елементи за системите за одводни канали нудат можност за премин од одводниот канал кон целиот попатен систем на цевки и одводни шахти.

5 6 Screenshot 2023-06-22 134858

*Комерцијален текст

Испрати коментар

Scroll To Top