Селските куќи никогаш не изгледале толку софистицирано и како од бајките.
Станува збор за дом кој не би можел да се нарече скромен, иако се наоѓа на врвот на колумбиската планина Енвигадо. Потопен во густа тропска шума со панорамски поглед на долината, овој имот ги искористува високите падини за да го максимизира просторот. Геометрискиот дизајн на три нивоа е изработен наизменично од темна и светла тула, додека над второто ниво има прекрасна кровна тераса опкружена со своевидна рампа која понатаму води до долниот кат.
Покривот на највисокото ниво е составен од дводелна дијагонална површина што создава геометриска композиција на волумен со прозорци свртени кон долината. Распределбата на просторот се вршел по принципот од најголем до најмал, односно од најјавни површини до најприватни. Така, на последниот кат има дневна соба, трпезарија, кујна, тераса, теретана и турска бања, додека на долните катови има потивки и поприватни простори како приватни соби и импресивна библиотека.
Благодарение на споменатиот геометриски дизајн, куќата може да се пофали со добро осветлување во секое време од денот – згора на тоа, директната сончева светлина ги достигнува најниските нивоа на куќата, под агол од 180 степени! Од големата тераса се гледа погледот на блиските градови, додека од главниот влез се гледа отворениот простор над долината, кој само дополнително го нагласува околниот пејсаж – градина со прекрасен багрем.
Бетонската пергола рефлектира сенки над камениот ѕид до главната влезна врата и на тој начин ја илустрира намерата да се користат рустични материјали за покривање на површините. Со други зборови, материјалите кои учествуваат во изградбата на овој фантастичен дом – камен, дрво и бетон – имаат за цел да го истакнат суровиот изглед на објектот, но и да ја интегрираат вегетацијата во целиот простор.
На пример, делот од фасадата кој се состои од дрвен решеткаст панел одлично го поддржува лазечкото растение, што на тој начин обезбедува дополнителна приватност на социјалните простори и во исто време им обезбедува соодветна заштита од сонцето во најтоплиот дел од денот.