Насловна / Вести / Село во Германија произведува електрична и топлинска енергија за своите потреби

Село во Германија произведува електрична и топлинска енергија за своите потреби

Фелдхајм, село со само 130 жители, произведува сопствена електрична и топлинска енергија. Додека цените на енергентите ширум Европа растат, жителите на ова село не се грижат за тоа, благодарение на развиениот систем за производство на енергија од обновливи извори. На час и половина возење од Берлин, се наоѓа ова прво енергетски независно и јаглеродно неутрално село во Германија.

feldheim1

feldheim2

Првиот чекот кон енергетската независност е направен пред речиси 30 години, со изградбата на четири ветерни турбини. Инвеститорот барал погодна локација, која му е отстапена од страна на земјоделците, а подоцна повеќемина локалци се приклучиле во својство на ко-инвеститори. Така е формирана компанијајта Energiequelle,  која има четворица вработени, а во атарот на селото стопанисува со 55 ветерни турбини. Тие произведуваат доволно енергија за 65.000 домаќинства. Селото користи само 1% од произведената енергија со што ги задоволува сите свои потреби, а остатокот оди на мрежа. Во 2008 година, Energiequelle се здружува со асоцијацијата на земјоделци на Фелдхајм и стартува со производство на биогас и топлинска енергија од тој извор. Во 2010 изградена е комплетна локлана топлификациска и електро мрежа. Така селото станува комплетно енергетски независно. Исто така, инсталирани се и фотоволтаици, батерии за складирање на енергија и котел за отпадоци од биомаса.

feldheim3

Energiequelle гради и електролизер за снабдување на локалните автобуси со водород. Цената на електричната енергија за жителите на ова село е 12 евроценти, што е четири пати пониско од просекот во Германија.  Цената на топлинската енергија е двојно пониска од германскиот просек. Голем број туристи од целиот свет го посетуваат ова село за да добијат идеи за развој на слични проекти.

feldheim4

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top