Насловна / Архитектура / Село на крајот на светот

Село на крајот на светот

На крајниот север од Норвешка, на мал остров во архипелагот  Fleinvær во Арктичкиот круг, композиторот и џез музичар Хавард Лунд создал, во соработка со реномирани норвешки архитектонски бироа, Sami Rintala, Andreas G. Gjertsen, Yashar Hanstad и Dagur Eggertsson, прибежиште за уметници и за сите оние кои сакаат да избегаат од реалноста. Импресивната природна средина инспирира, поттикнува креативност и контемплација, го враќа човекот кон самиот себе.

3

5

Ова арктичко скривалиште е мало модерно село кое се состои од десет монофункционални куќи наменети за изнајмување. Овие колиби се изградени од кебони дрво и се ослонети на потпори, додека со челични кабли се прикачени на грубата карпа. Има четири објекти за спиење, бања, куќа за готвење и трпезарија, дневна соба (конципирана како студио со пијано), сауна, кујна на отворено и куќа наречена „кула за големи мисли“. И самото име на комплексот, „Fordipningsrommet“ се преведува како „простор за длабоки мисли“. Олицетворението на оваа идеја е најприсутно во колибата лоцирана на самиот врв на падината, која наликува на џиновска куќичка за птици. Тоа е совршено место за набљудување на феноменот Aurora borealis, северната светлина што се појавува на небото на архипелагот од септември до април. Од ноември до средината на јануари, на овој локалитет нема директна сончева светлина, но има неверојатни погледи на Месечината и ѕвездите.

4

1

01

Секоја од десетте еколошки кабини за живеење им нуди на гостите секогаш нов и поинаков поглед на Норвешкото Море, блиските острови, птиците, изгрејсонцата и зајдисонцата, северната светлина, полноќното сонце и друго. Проектирани се како слободностоечки кутии, покриени со одржливо тропско дрво. Композицијата на објектите се спушта по падината на ридот и на тој начин започнува иницијатива за истражување не само на островот и неговите визури кон хоризонтот, туку и на сопствените внатрешни мисли и чувства. Комплексот е проектиран и изграден така да функционира како единствена форма и нуди еден вид комфорно сместување. Наместо луксуз, се понудени се најквалитетни природни материјали и само она што е потребно за извршување на најосновните животни функции – готвење, чистење и спиење. Просторот е строго минималистички и е опремен по принципот „потребно и доволно“.

7

8

Сè во него е подредено на контемплација, инспирација и креативно размислување. Оваа област инаку припаѓа на регион од кој потекнуваат или престојувале познатите нордиски мислители и филозофи кои ја формирале школата за класична нордиска филозофија. Со оглед на тоа што до локацијата може да се стигне со траект што пристанува во мало приватно пристаниште, првиот објект во кој влегува посетителот е сауна. По дефиниција, таа претставува место на физичко, а со тоа, во симболична смисла, духовно прочистување.

0

03

Сите кабини имаат прозорци од подот до плафонот, кои нудат спектакуларен поглед на планините на живописниот архипелаг Lofoten, како и на бескрајното море и небо. Дрвените фасади на кои климатските услови ги впишуваат трагите на времето и со тоа интимно и искрено ги вклопуваат во амбиентот, се во дијалог со дрвените облоги во ентериерот токму низ тие широки прозорци.

Возбудливата архитектура и драматичните природни пејзажи му ветуваат на секој корисник ангажирано и никогаш досадно повлекување од светот. Сонот на современиот човек да замине на пуст остров, конечно може да биде остварен.

02

6

2 9

Испрати коментар

Scroll To Top