Насловна / Вести / Село изградено од шишиња – клима уред не е потребен

Село изградено од шишиња – клима уред не е потребен

Selo izgradeno od plasticni sisinja1

Ова село во Панама е единствено по своите куќи кои се направени од рециклирани пластични шишиња. Во надеж дека овој проект ќе се прошири и на други места, творецот на идејата Роберт Безо неуморно и вредно работи со својот тим.

 

Selo od sisinja od plastika

Секоја двоспратна куќа е направена од околу 14.000 шишиња, а до крајот на овој проект предвидена е изградба на вкупно 120 куќи во селото по истиот принцип. Освен куќи, планирана е и изградба на месна заедница, павиљон за јога и градини за овошје и зеленчук.

Selo izgradeno od plasticni sisinja2

Интересно е дека потрошувачката на енергија  за ладење на ваквите куќи е сериозно намалена, бидејќи при надворешни температури од 48 степени Целзиусови, внатре е 31 степен. При тестирањето на термоизолационата „моќ“ на овој материјал, утврдено е дека температурата во просториите обезбедува минимален комфор и без употреба на клима уред.

Selo izgradeno od plasticni sisinja3

Рециклирана пластика, па уште и штеди енергија! Навистина одржлив концепт.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top