ROAM-e Flying Selfie е мало летало кое ќе го пуштите високо во воздухот, и тоа за вас ќе снима „селфи“ фотографии и ќе ви направи видео материјали кога и да посакате.
Австралиската компанија Australian IoT Group секогаш се обидува да користи современите алатките и да направи да биде еден чекор понапред од останатите конкуренти.
Развојот на технологијата напредува секој ден, и оваа компанија е секогаш подготвена за нови предизвици. Овој пат ги искористиле предностите на уште популарниот „селфи“ момент и дизајнирале мало летало и го нарекле мини-дрон.
Може да полета околу седум метра во висина над вас и да фотографира панорамски поглед во ширина од 360 степени.
Ова безбедно, лесно и прецизно летало, чијашто батерија трае само 20 минути, ќе ги сними сите ваши акробации и ќе внесе забава во вашето фотографирање и снимање. Два часа е потребно да се наполни целосно, и ако сакате совршен „селфи“, ќе треба да издвоите 349 американски долари.