Карикатурите и графитите што се наоѓаат на ѕидовите од старите куќи во лондонската улица „6 Денмарк Стрит“, во која живееја и свиреа членовите на панк бендот „Секс Пистолс“, ставени се на пописот на заштитени културни добра.
Одлуката карикатурите на Џон Лидон, кој како пејач на „Секс Пистолс“ се прослави со името Џони Ротен, ја донесе Хисторик Ингланд, задолжена за заштита на културното наследство.
Меѓу заштитените артефакти е и автопортретот на Џони Ротен. Заштита добија и карикатурите, графитите и стрип илустрациите на басистот на таа група, Сид Вишис, на кои се неговата тогашна девојка Ненси Спунген и менаџерот Малком Мекларен.
Британскиот министер за културно наследство Дејвид Евенет изјави дека куќата од 17 век во која живееле не е значајна само како сведок на стара архитектура, туку и симбол на влијанието на квартот Сохо врз глобалната музичка индустрија во 60-тите и во 70-тите години од минатиот век.