Насловна / Вести / Секој нов покрив во Виена мора да има соларен панел

Секој нов покрив во Виена мора да има соларен панел

Австрија постави цел да инсталира фотоволтаични системи на еден милион нејзини покриви, а тоа сигурно ќе биде потпомогнато со најновите измени во регулативата за градење на Градот Виена. Оваа реформа вклучува, меѓу другото, и обврска за инсталирање на фотоволтаични системи на секој нов градски покрив.

solar
Оваа реформа и носи на австриската престолнина поголема можност за заштита на климата и дигитализација на важен економски сектор, со што градот и нејзиниот живот ќе бидат уште поповолни за иднината.
Кон реформата се додадени целите кои треба да се земат предвид при дизајнирање и дополнување на плановите за зонирање и развој. Така, на пример, додадени се мерки за да се ублажат ефектите од климатските промени, да се овозможи подобро управување со подземните води или да се зголеми примената на принципите на кружна економија.
Исто така, Виенската Советодавна комисија за урбанистичко планирање и просторно планирање сега мора да вклучи барем еден експерт од областа на климата и енергетската заштита, што ќе го направи ова клучно прашање уште поважно во иднина.

solar3
За некои нови згради во Виена, потребно е уште од порано да се обезбеди инсталација на фотоволтаични системи, но реформата на градежните регулативи сега повлекува обврска за сите нови станбени и едукативни згради.
Енергијата на инсталирани системи на фотоволтаици треба да овозможи директно напојување со електрична енергија во зградите, на пример, во нивните заеднички простории. Исто така, кога има можност да се инсталира поголема моќност на фотоволтаичните системи, таа опција ќе може во поголема мерка да се користи благодарение на соодветните финансиски стимулации.
Според претходните регулативи, задолжителната инсталација на соларни панели не може да се примени кога тоа не било можно од правни, технички или економски причини.
Во иднина, во вакви случаи, со исклучок на станбени згради, соларната обврска ќе мора да се исполни на резервни површини, што генерално ќе ја подобри употребата на сончевата енергија и на други еколошки прифатливи извори на енергија.

solar2
При изградба на нови згради, како и при поголеми реновирања на постојните, се воведува обврска за инсталирање на полначи за електрични автомобили, како и обезбедување дополнителен простор за нивно последователно инсталирање.
Точниот број е пропишан со закон и зависи од тоа дали станува збор за станбена или друга намена. Оваа измена на правилникот исто така служи за промовирање на електромобилноста и е во согласност со примената на правото на Европската унија.

Испрати коментар

Scroll To Top