Многу одамна, славниот филмски режисер Френсис Форд Копола, ова одмаралиште во Буенос Аирес го нарекувал своја омилена викендичка, и две години живеел тука.
Но од тогаш, овој бутик хотел Jardin Escondido (Скриена градина), помина долг пат, и сега поканува гости од целиот свет да дојдат во посета и да уживаат во аргентинскиот начин на живот, во убавиот и трендовски дел на Буенос Аирес, „Палермо Сохо“.
Посетата на Буенос Аирес е можеби долго време на вашата листа на желби, и навистина бујното опкружување на „Палермо Сохо“ е неодоливо за секого, а исто така, оваа област во Буенос Аирес е срцето на градската шопинг тура, исполнето со големи ресторани, барови и бутици.
Сепак, влезот во овој волшебен бутик хотел Jardin Escondido, ќе ве натера да заборавите на вашата околина и на сите свои грижи. Оваа резиденција нуди на гостите топло добредојде на најдобар можен начин, па затоа би можеле да бидете разочарани кога ќе слушнете дека има само седум апартмани.
Од друга страна, можеби токму тоа ќе ве израдува, бидејќи ќе знаете каков вид на внимателна услуга може да очекувате. Секој апартман има уникатен декор и носи име по некој член од кланот Копола.
Така, апартманот „Френсис“, односно апартманот во кој престојувал Форд Копола, има „кинг“ кревет, приватна тераса со поглед на градина и тераса која е идеална за оние што се занимаваат со пишување, сликарство или едноставно сакаат да седат и размислуваат во мир и тишина.
Со три нивоа, при што секој има своја градина, мал базен и отворена кујна со скара, овој бутик хотел има се што ви е потребно за спокој.