Благодарение на компанијата „Nissan“, наскоро ќе може да се поседува автомобил кој никогаш нема да се валка. Јапонците во моментот ја тестираат хидрофобната нанотехнологија за фарбање на автомобилите. Автомобилот со оваа хај-тек боја станува отпорен на прашина, кал па дури и на масна вода. Нечистотијата едноставно не се задржува на ваквиот слој. Оваа технологија е позната како Ultra-Ever-Dry.