Насловна / Вести / Секое попладне блокада на улицата „Коце Металец“ во Железарница

Секое попладне блокада на улицата „Коце Металец“ во Железарница

zelezarnica protesti

Жителите на скопската населба „Железара“ ги радикализираат протестите поради загадувањето од индустрискиот комплекс „Железарница“, во чиј состав работи фабриката „Макстил“. Секое попладне од 17 до 20 часот тие ќе ја блокираат улицата „Коце Металец“, што е главна сообраќајница во оваа населба.
Организаторите на протестите ги повикаа граѓаните што ќе се приклучат на протестот со себе да понесат шах, карти, гитари и топки, со цел полесно да се пополни времето во трите часа протест на жешкиот асфалт.
Жителите на Железара велат дека не се откажуваат и нема да се повлечат додека не се изборат за да се реши проблемот со енормното загадување од оваа фабрика, која го прави животот неподнослив во оваа најблиска населба, но ги погодува и Бутел, Чаир, Автокоманда, Аеродром и Ново Лисиче.
Секоја сабота напладне, пак, ќе се протестира пред влезот на Железарницата.

Испрати коментар

Scroll To Top