Насловна / Архитектура / „Сега” – отворена изложбата на македонскиот претставникот на 17-то Биенале на архитектурата во Венеција

„Сега” – отворена изложбата на македонскиот претставникот на 17-то Биенале на архитектурата во Венеција

На 20 мај 2021 година официјално беше отворена изложбата на Бирото за иновативна архитектура (БИНА) кое ја претставува Република Северна Македонија на 17. Биенале на архитектура во Венеција, Италија.

Проектот на БИНА, со Комисионер Дита Старова Ќерими, уметница и директорка на Националната Галерија на РСМ, а под кураторство на архитектот Бекир Адеми и универзитетскиот професор Јордан Шишковски, е сместен во атриумот на Палацо Зорзи, маркантна ренесансна палата во квартот Кастело во која се наоѓа седиштето на регионалната канцеларија за Европа на УНЕСКО.

4

Овој пат, тематската определба на Биеналето е прашање поставено од страна на Хашим Саркис, еден од водечките умови во архитектурата и филозофијата во светот денес. Авторите на проектите одговараат на прашањето „Како ќе живееме заеднo?”.

Проектот „Сега” ја зема предвид состојбата на итност за промени во општеството и ни открива два аспекта на просторно-временското суштествување, потребата од издвојување и заштита наспроти потребата за симбиотска релација со околината. Концептот се материјализира во дрвена композиција составена од дрвени елементи меѓусебно поврзани во една единствена хармонична просторна структура, архетипизирана рамка, асоцијација на куќа, дом и засолниште.

“Ова не е првпат нашата канцеларија да биде домаќин на националниот павилјон на Северна Македонија во рамки на Биеналето во Венеција, но треба да нагласиме дека е посебен и доаѓа по многу тежок период за сите нас. Изложбата на Биеналето во Венеција 2021 година е првиот голем меѓународен културен настан повторно отворен за време на пандемијата“, изјави Матео Росети.

3

Старова Ќерими даде краток осврт на проектот како визуелизација на потрагата по конечниот одговор за животот и домот, рефлектирана преку формата на проектот.

„Проектот „Сега“ ја рефлектира идејата за заедно или заедништво преку вечното единство на дуалитети, што е веднаш воочливо во односот на микро и макроструктурата, а во себе инкорпорира повеќе различни толкувања на односите внатре-надвор, приватно-јавно, отворено-затворено, дом-општество, поаѓајќи од индивудуата како основна клетка во колективитетот.

За мене, најважно е што во Венеција, преку нашиот исконски поставен проект „Сега” донесовме една синтеза за значењето на зборот „дом“ и верувам дека на најдобар начин ја претставуваме нашата земја и архитектура на оваа исклучителна манифестација каде што рамноправно цврсто се презентираме на 17-тото Архитектонското Биенале.

5

Отсега до крајот на ноември, архитекти и ентузијасти од целиот свет ќе се презентираат во Венеција, Италија, на 17-тата меѓународна изложба на архитектурата во организација на Ла Биенале ди Венеција. Венециското биенале за архитектура е како Олимпијадата на архитектурата, која ги обединува светската перспектива и дијалогот. Таа е концентрација на креативната  генијалност од целиот свет.

За нас претставува ретка можност да се претставиме достоинствено како земја на една од најпрестижните манифестации која традиционално се одржува.

И покрај светската пандемија која на глобално ниво ни донесе многу општествени промени, истрајноста не охрабри и донесе да покажеме дека имаме проект кој коренспондира на прашањето „Како ќе живееме заедно”

Како комесар на целата екипа на чело со Бекир Адеми ви посакувам многу успеси“, вели Старова-Ќерими.

6

Адеми го опиша објектот како симболична претстава на еден отсечок од мноштвото и непосредна асоцијација на човековата идеја за дом и соживот, додека пак Шишковски нагласи дека претставниците на проектот „Сега„ изразија особена благодарност до директорката на канцеларијата на УНЕСКО во Палацо Зорзи,  Ана Луиза Масот Томпсон-Флорес, како и генералниот конзул на РСМ во Венеција, Стојан Витанов, за дадената поддршка околу просторот и организацијата на овој настан.

Учесници, претставници на проектот: Бекир Адеми, Ана Рафаиловска, Ивана Чалоска, Јордан Шишовски, Енис, Абовски, Енес Север, Амине Адеми, Атанас Наумовски, Гаврил Бошковски, Нита Чаволи, Аида Салиху, Дрен Невзати, Елмедина Хасани. Конструкција, материјализација и дизајн: Бекир Адеми / БИНА, логистика: Енис Абовски, Амине Адеми, Атанас Наумовски, аудио инсталација: Владимир Лукаш, Ѓорѓи Митревски, текст: Ана Рафаиловска, Јордан Шишовски, Бекир Адеми, графика: Ивана Чалоска, Енес Север.

17. Венециско биенале на архитектурата се случува со одложување од една година, заради поместувањата кои ги предизвика КОВИД 19. Организацијата на традиционалните локации Џардини, Арсенале и останатите локации низ Венеција е на највисоко ниво и во линија со КОВИД 19 протоколите, а посетителите со во значително намален број. И покрај тоа, градот вибрира во духот на биеналето, а павилјоните на државите учеснички содржат впечатливи и провокативни дела и проекти. Биеналето оваа година вклучува 112 учесници од 46 земји, со делегации од Африка, Латинска Америка и Азија и со широко женско претставување. Македонија во континуитет веќе деветти пат се претставува на оваа најпрестижна манифестација, од 2004 година.

1

Испрати коментар

Scroll To Top