Насловна / Вести / Седум згради во општина Центар ќе добијат нови фасади

Седум згради во општина Центар ќе добијат нови фасади

Оваа година локалната самоуправа ќе инвестира во реконструкција на фасадите на седум станбени згради во централното градско подрачје. На наредната седница на Советот на Општината ќе се одлучува за четири од предвидените седум објекти. Ова им го соопштил на граѓаните градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски на средба со нив, каде воедно се дискутирало за сите проблеми со кои се соочуваат луѓето што живеат кај Градски ѕид.
„Она што ние го работиме, за разлика од другите, е жителите да добијат енергетско-ефикасни фасади и да се задржи автентичниот изглед на зградата. Знаете дека со промените во Законот за градење надлежностите се поделени со Град Скопје и треба да поминат на седница на Совет, а за да не навлегуваме во приватна сопственост, одиме по програмата за енергетска ефикасност“, изјави Жерновски.

градски-ѕид

Општина Центар во моментов реализира реконструкција на фасадата на една од станбените згради на улица „11 Октомври“. Со изведба на термичките фасади, врз постарите згради на територијата на оваа општина, ќе се имплементираат мерките за енергетска ефикасност.

Наскоро ќе почне реконструкција на фасадата на познатата „Поштенска“ зграда, а според надлежните, сите 13 згради кои влегоа во првиот конкурс ќе бидат завршени.

Испрати коментар

Scroll To Top