Krumbach е живописно австриско село населено со само 1.000 жители, меѓутоа иако местото е мало ги има најинтересните автобуски станици кои можете да ги видите во севтот. Селото има седум автобуски постојки кои ги дизајнирале седум реномирани архитекти и дизајнери од секаде низ светот. Дизајнерите биле повикани од културната организација во Krumbach за да ги дизајнираат автобуските постојки, а за возврат добиле бесплатен одмор во селото. Тоа било понуда која никој од архитектите не можел да ја одбие.
И така седум архитекти од Јапонија, Кина, Норвешка, Шпанија, Чиле, Белгија и Русија меѓу кои се Sou Fujimoto i Sami Rintala ги доставиле своите решенија и ги изградиле структурите со помош на локалните дизајнери и работници.