Насловна / Арт и дизајн / Седум музеи на иднината што сакаме да ги посетиме

Седум музеи на иднината што сакаме да ги посетиме

Технологијата влезе речиси во сите сфери на нашиот живот, а нејзиното влијание е видливо и во културата и во уметноста.

Најновите технолошки откритија, кои се појавуваат на неделно ниво, полека, но сигурно се спроведуваат на нашите работни места, во приватните животи и останатите сфери, а доминантен императив станува држењето чекор со забрзаниот развој.

Овој пат решивме да издвоиме неколку музеи кои се водени токму од овој принцип: максимално користење на технологијата за да своето позиционирање на светската музејска мапа го направат  што повпечатливо и поинтересно за публиката и јавноста.

Од Сингапур до Валенсија, информативно овие се тие музеи кои провоцираат со своите концепти.

Museum of the Future, Обединетите Арапски Емирати

Dubai, Museum of the Future

Овој технолошки музеј во Дубаи свечено треба да биде отворен во 2019 година. Во неговите простории ќе можете да видите ѕидови на сензори, асистенти кои всушност се роботи или специјални капсулни лифтови. Неговата цена на реализација е отприлика околу 200 милиони долари. Архитектот Shaun Killa е автор на музејот.

Музејот се занимава со испитување на можните граници на вештачката интелигенција и технолошките иновации, а исто така содржи и лабораторија која им служи на научниците кои сакаат да работат на решавање на проблемите на глобалното затоплување.

Museu do Amanhã, Бразил

Museu do Amanhã, Рио де Жанеиро

Овој „музеј на иднината“ се наоѓа во Рио де Жанеиро, отворен е во месец декември во 2015 година, а го проектирал големиот шпански неофутуристички архитект Santiago Calatrava. Како што самиот архитект изјавил, изгледот е инспириран од брод кој плови по површината на водата, нормално со сите неизбежни футуристички моменти. Главната мисија на овој музеј е да ги истражува, замислува и да ги промислува сите опции за градење на иднината. Поточно, посетителите ќе можат да проверат како изгледа спојот на научните факти со уметничка визија.

Miraikan, Јапонија

Miraikan, Јапонија

Со полно име National Museum of Emerging Science and Innovation (Nippon Kagaku Miraikan), овој јапонски музеј во Токио е неизбежна станица за сите оние кои сакаат да бидат упатени во најновите достигнувања во развојот на роботиката, вештачката интелигенција и низа други области на технологијата. Музејот едноставно препознатлив како Miraikan (Future Museum), посебно се истакнува по тоа што има цел оддел посветен на образованието на децата, а целата поставка на музејот е дизајнирана така да ги заинтригира и најмладите. Музејот е креиран од јапонската Science and Technology Agency, а отворен е во 2001 година. Архитект на објектот е јапонскиот архитект Hajime Narukawa.

MUSE, Италија

MUSE, Италија

Овој за нас најблизок музеј се наоѓа во Италија, односно во градот Тренто. Целото име му е  Museo delle Scienze, и е посветен на истражување на односот меѓу човекот и природата, за што секако придонесува и уникатната архитектура на објектот.

Имено, славниот италијански архитект Renzo Piano, направил големи стаклени ѕидови наместо обични ѕидови, преку кои пробива природното светло. Посетителите можат да научат сè за тековните предизвици на човештвото, да научат сè за геномот и да ја проучат структурата на ДНК. Музејот за јавноста е отворен во 2013 година.

Ciutat de les Arts i les Ciències, Шпанија

DSC_3589DxO

Лоциран во Валенсија, овој музеј, односно културно-архитектонски комплекс, чие име (Ciutat de les Arts i les Ciències) доволно зборува дека се работи за „градот на уметноста и науката“, е уште едно спектакуларно здание на архитектот Santiago Calatrava во соработка со архитектот Félix Candela. Задачата на комплексот е подеднакво да ги едуцира луѓето од сите генерации во науката, технологијата и уметноста.

Комплексот се состои од неколку објекти: L’Hemisfèric (1998), El Museu de les Ciències Príncipe Felipe (2000), L’Umbracle (2001), L’Oceanogràfic (2003), El Palau de les Arts Reina Sofia (2005), El Pont de l’Assut de l’Or (2008), L’Àgora (2009 и Torres de València кој сè уште не е завршен.

На првиот кат на музејот се наоѓа постојана поставка, која може да се погледне бесплатно, вториот кат е резервиран за интерактивни изложби, додека третиот кат е посветен на творештвата на некои од најдобрите шпански научници.

Музеј Artscience, Сингапур

ArtScience Museum, Сингапур

Отворен во 2011 година, ова беше првиот музеј кој директно ги комбинира науката и уметноста. Архитектот  Моше Сафди е заслужен за изгледот на зградата, којашто изгледа како луксузен лотос во цут. Музејот се состои од 21 соба, од кои секоја носи различни содржини, па можете да проверите како големиот Леонардо да Винчи го замислил авионот или проверил што ги поврзува индивидуалните предмети со човечката еволуција.

Музеј за наука и технологија, Кина

Shanghai, China, im Mai 2009

Музејот беше официјално отворен во 2001 година и се наоѓа во деловната област на Шангај. Експонатите прикажани овде можат да се поделат на пет главни области: небо и земја, живот, иновација, иднина и разбирање. Во зависност од она што ве интересира, можете лесно да дознаете за геолошката структура на земјата или да проверите што е ново во областа на роботиката.

Испрати коментар

Scroll To Top