Насловна / Вести / Седум компании заинтересирани за изградбата на нуклеарката „Белене“

Седум компании заинтересирани за изградбата на нуклеарката „Белене“

Седум компании, од кои две бугарски и по една руска, чешка, кинеска, корејска и германска, изразиле намера да станат стратешки партнери во изградбата на втората нуклеарна централа во Бугарија. Ова го изјавила за медиумите бугарската министерка за енергетика Теменушка Петкова. Таа прецизирала дека понуди за вложување во проектот вреден 10 милијарди евра доставиле рускиот „Росатом“, кинескиот CNNC,  Hidro&Nuclear Power co. од Кореја,  Vitkovice од Чешка, како и две бугарски е една германска компанија. На потенцијалниот партнер нема да му бидат понудени државни или корпоративни кредитни гаранции, ниту пак повластени цени во врска со откупот на електричната енергија, при што додала дека скратената листа на кандидатите ќе биде позната за 90 дена.

belene1

belene2

Belene 3

Проектот за изградба на нуклеарката „Белене“ беше актуелна до 2012 година, кога Бугарија се откажа откако не успеа да најде инвеститори, и попушти пред притисокот на Западот да ја намали речиси комплетната енергетската зависност од Русија (во случајов од руската технологија во областа на енергетиката). Но, Бугарија сепак доби два однапред платени реактори од по 1000 MW од руската компанија „Атомстројпроект“.

Во моментот, единствената нуклеарка во Бугарија – „Козлодуј“, работи со два советски реактори и обезбедува 35% од потребите на државата од енергија.

belene3

Испрати коментар

Scroll To Top