Групата од седум земји ја сочинуваат два најголеми производители на струја во Европа – Франција и Германија, како и Австрија, Белгија, Холандија, Луксембург и Швајцарија. Тие склучиле спогодба во склоп на Пенталатералниот енергетски форум, со кој оваа година претседава Холандија. Тие стојат зад заедничката цел да ги декарбонизираат своите енергетски системи до 2035 година и да го продолжат амбициозниот пат до целосна декарбонизација на овие земји до 2050 година.
Проценките зборуваат дека европските системи за електрична енергија ќе бидат декарбонизирани до крајот на 2040 година, што значи дека оваа седморка се обврзува тоа да го стори пет години порано. Освен оваа обврска, земјите договориле и седум принципи на кои ќе се базира нивната соработка во достигнувањето на поставената цел. Главните предизвици, во таа насока се непречен сообраќај, размена на енергија во регионот, доволно капацитети за складирање на енергија, како и голем афлексибилност на системите. Токму исполнувањето на овие услови ќе обезбеди електраните на јаглен и гас повеќе да не бидат потребни, пишува во заедничката изјава.
Пенталатералниот енергетски форум е формиран во 2005 година, со цел интеграција на пазарот на електрична енергија во седум европски земји.