Насловна / Вести / Седум еко-проекти во Ротердам го оживуваат градот

Седум еко-проекти во Ротердам го оживуваат градот

Ротердам, како најголемо пристаниште во Европа и центар на многу светски настани, уште еднаш ја потврди својата еколошка свест, имајќи во план реализација на седум  еко-проекти.

1

Благодарение на инвестиција од 233 милиони евра, седум нови урбанистички проекти ќе го направат Ротердам уште попријатен и поудобен за живеење во следните неколку години.

На државно ниво, овој проект е претставен како основен ресурс за заживување на економијата која ја наруши Ковид 19, но и за еколошките предизвици со кои градот мора да се соочи.

2

Основните пет насоки за спроведување на овој проект се:

–          обновување на стратешките области

–          создавање препознатливи места

–          комплетна имплементација на проектот во градот и општеството

–          еко-проекти како катализатор и за соседните населби и градови

–          претставување на проектот како целина, а не мноштво индивидуални елементи

Il nuovo Park Maashaven. (Courtesy Gemeente Rotterdam)

Изглед на новиот парк Maashaven

Свеста за високиот квалитет на заедничките простори е особено нагласена во ерата на Ковид и дополнително ја поддржува имплементацијата на проекти кои ќе воведат „нови зелени бели дробови“, клучни за борба против глобалното затоплување, ублажување на обилните дождови и можноста за изградба на станови во области кои претходно биле забранети за домување поради големо загадување на воздухот и бучава.

La nuova Westblaak. (Courtesy Gemeente Rotterdam)

новиот Westblaak

Стратешките сообраќајни центри, како што се плоштадите Alexander и Hof, ќе остават повеќе простор за пешаците и велосипедистите, збогатувајќи го просторот со рекреативни и станбени објекти кои ќе го подобрат нивното социјално значење придонесувајќи во борбата против загадувањето. Живиот плоштад Schouwburg ќе биде обновен и модернизиран. Нови уредени паркови ќе бидат поставени долж поранешниот вијадукт на железничката линија Hofbogen и во пристанишните области Maashaven и Rijnhaven, додека областа Feyenoord ќе биде домаќин на голем речен парк.

Il nuovo parco lineare Hofbogenpark. (Courtesy Gemeente Rotterdam)

Hofbogen

La futura Hofplein. (Courtesy Gemeente Rotterdam)

парк Hofbogen

Il progetto del Tidal Park Feyenoord. (Courtesy Gemeente Rotterdam)

паркот Feyenoord

Il nuovo parco portuale Rijnhavenpark. (Courtesy Gemeente Rotterdam)

паркот Rijnhaven

Испрати коментар

Scroll To Top