Насловна / Архитектура / Седум диктатори кои ја злоупотребиле архитектурата за политичка моќ и влијание

Седум диктатори кои ја злоупотребиле архитектурата за политичка моќ и влијание

„Низ историјата, многумина ја злоупотребиле архитектурата за етаблирање и манифестирање на политико влијание и моќ. Веројатно, тоа потекнува од перцепцијата дека изградбата на згради бил(e) еден од најјасните и најочигледните (визуелно) индикатори за моќта на општеството и економската благосостојба.  Во таа смисла, архитектурата често била злоупотребена од страна на политичкиот естаблишмент во различни периоди низ историјата, и тоа е особена карактеристика на диктатурите. Архитектонскиот стил кој се користел требало да манифестира моќ, раскош и грандиозност“. Ова е заклучокот на ArchDaily, кој направи избор на седум диктатори кои преку архитектурата сакале или се обиделе да ја изразат својата доминација и да стават белег на своето време. Истите Ви ги пренесуваме во продолжение:

Адолф Хитлер (1933-1945)

Веројатно архитектурата која според желбите на Хитлер ја работел Алберт Шпеер неговиот главен архитект, е една од најанализираните примери за т.н. „архитектура на диктатурата“. Шпеер бил задолжен за она што требало да ја претставува архитектурата на Нова Германија, односно на Третиот Рајх.  Стил кој манифестира грандиозност, огромен простор, монументалност , и сл. , преку кој ќе се наслика самата фашистичка идеологија на „избраниот народ“. Како еден од најграндиозните потфати на Шпеер е изградбата на стадионот Zeppelinfield во Хирнберг, негов прв поголем проект за наци режимот. Се работи за проект замислен како средство за нацистичката пропаганда и масовни собири на приврзаниците. Можел да собере 340.000 луѓе.

Hitler 28ba4599f17d9992904bb89bc62e9941 Hitler nazi-party-rally-grounds-an-expansive-field-known-as-zeppelinfield-which-played-host-to-military-rallies

 

Бенито Мусолини (1922-1943)

За да ја одведе Италија од демократија во диктатура, Мусолини користел пропаганда, но и архитектура со цел градење на идентитет. Стилот бил сосема нов конгломерат со примеси од старата римска архитектура, а градбите биле главно од квалитетен камен како асоцијација за неговиот траен режим. Еден од најкарактеристичните проекти од овој период е EUR (Esposizione Universale Roma), кварт во Рим каде тој планирал во 1942 да одржи голема Светска изложба. Се разбира, војната ги спречила плановите за изложбата, но сепак повеќе згради во квартот биле изградени како на пример Palazzo della Civiltà Italiana, симболот на италијанската фашистичка архитектура.

Benito Musolini2286364115_138fc315fc_b Benito Musolini CONCORSO-1

 

Франциско Франко (1936-1975)

Единствената разлика во злоупотребата на архитектурата помеѓу Франко од една страна и Хитлер и Мусолини од друга страна, е во фактот што Франко силно ја промовирал црквата, поточно римокатолицизмот со што дополнително сметал на углед и влијание кај широките народни маси. Токму затоа, најголем дел од објектите од негово време имаат релизиозен карактер. Valle de los Caídos се вбројува меѓу најкарактеристичните класицистички градби од тоа време.

Francisko Franko Memoria_Historica-Guerra_civil_espanola-Valle_de_los_Caidos-Francisco_Franco-Cultura_123498125_4656591_1706x1706 Francisko Franko Valle_de_los_caidos_by_forcy-cruz_y_basilica

 

Јосиф Висарионович Сталин (1924-1953)

Во времето на Сталин, забрзано се граделе цели нови квартови одеднаш со цел манифестација на моќта на властодршците, но и желбата да се прикаже една нова Русија која е модерна земја, а не земја на селани и кметови каква што била пред комунистичката револуција. Најкарактеристичен е сепак комплексот „Седум сестри“, кој се состои од седум грандиозни високи згради во еден специфичен (недефинирана мешавина од руски барок и готика) архитектонски стил, мегаломански и по димензии и по ентериерот. Целта била со својата моноолитност и импресивност да сведочат за силата на режимот.

Josif Visarionovic Stalin svetopoekt17-1536x1272 Виды Москвы с высоты птичьего полета

 

Северна Кореја (1948 – денес)

По истиот рецепт на пропаганда и архитектура, и со сериозно влијание од страна на Советскиот Сојуз,  градени се монументални зданија, но со ефтини материјали и за брзо време. Квалитетот воопшто не бил предмет на интерес, само сликата за прогрес која требало да биде сервирана. На изолираниот народ во земјата тоа му било доволно за да биде убеден. Најдобра илустрација за „белите слонови“ на архитектурата во Северна Кореја е еден хотел во Пјонгјанг кој се уште е празен.

Dinastija Kim Raphael-Olivier3 Dinastija Kim 1282017_4_6_

 

Мао Це Тунг (1949-1976)

И во случајот на Кина евидентно е изразеното влијание на тогашниот Советски Сојуз. Како карактеристичен пример на оваа архитектура може да се издвои проектот „Ten Great Buildings”, реализиран со цел прославување на десет годишнината од револуцијата. Во рамките на овој проект изградени се Големата сала на народот и Националниот музеј на Кина, од двете страни на плоштадот Тјенанмен. Големи димензии и строги линии како експресија на моќта.

The Great Hall of the People is on Tiananmen Square in Beijing, China Mao Ce Tung China_Senate_House

 

Фидел Кастро (1959-2006)

Уште една изолирана земја како Северна Кореја, но овојпат едно поинакво диктаторство од аспект на архитектурата и архитектонското наследство, како доказ дека исклучокот е потврда за правилото.И Кастро се обидел да гради нов израз, но за среќа бил запрен или запрел навреме. Тој не се обидувал да гради имиџ пред светот, и да создава нова архитектура, туку бил фокусиран на суштината на комунизмот како идеологија.  За среќа и денес  Куба плени со својата архитектура од колонијалното минато.

Fidel Kastro print-la-habana-vieja-limited-print-1 Fidel Kastro Havana-Cuba_1280_720

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top