Градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски за денеска свика итна седница на Координативното тело на градоначалници од Скопје. На седницата ќе се разговара за санирање на последиците од синоќешното невреме што го зафати Скопје и неговата околина.
На средбата ќе присуствуваат и директорите на јавните градски претпријатија и претставници од Противпожарната бригада.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), попладне целата држава повторно ќе биде зафатена од големо невреме, кое ќе наликува на вчерашните бурни 30 минути во Скопје.
Според нивните сознанија, се очекуваат поројни дождови, силен ветар, грмежи, а на одредени места и град.
Инаку, вчера дуваше ветер со брзина од 70 километри на час во главниот град, а биле измерени 37 литри дожд на метар квадратен. Освен дожд и ветер, синоќа околу 23 часот жителите на Скопје почуствуваа и земјотрес.