Седмата Меѓународна летна школа за архитектура и дизајн во организација на Факултетот за Архитектура и Дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Охрид, ќе се одржи во период од 28 јуни до 6 јули во Охрид.
Темата на овогодинешната школа е дефинирана со насловот “Platform tourisim: The Ohrid Archipelago” и ќе биде под раководство на професор Харалд Трап, социолог и архитект од Виена, Австрија.
Harald Trapp / Image © Andreas Balo
Освен проектантското искуство, професионалното искуство на Харалд Трап вклучува и бројни изложбени проекти за Museum of Applied Arts (MAK) Vienna, Тhe Albertina Museum Vienna, Belvedere and Künstlerhaus Vienna, the Kunsthalle Bonn и the Art Biennale Venice (со Филип Круммел). Од 2002 до 2015 е доцент на Технолошкиот универзитет во Виена (TU Wien), каде што докторирал во 2013 година. Во 2014 година e куратор и дизајнер на австрискиот павилјон на Биеналето за архитектура во Венеција (со Кристијан Кун). Од 2015 до 2018 година е раководител на Мастер програмата за архитектура на Универзитетот во Источен Лондон (UEL). Во моментов предава на Технолошкиот универзитет во Виена (TU Wien). Работи на проектот Capital Architecture www.capitalarchitecture.eu (со Роберт Тум) и е основач на AKT (2019), колектив на млади архитекти во Виена www.akt.eu.
Poster ISSAD 2019
Со подемот на дигиталните платформи како Airbnb, концептот на туризмот е во фаза на фундаментална промена: приватните домови станаа сместувачки капацитети и како такви се дел од глобалната индустрија. Традиционалниот модел на хостелот или хотелот се повеќе се под притисок. Ова не само што предизвикува архитектонски последици, туку и сериозни урбани импликации, бидејќи туристичката инфраструктура веќе не е концентрирана во одредени делови на градот, туку е дистрибуирана во мали единици на разни локации во градот. Таа претставува архипелаг на мали острови во урбаната ткаенина, инфилтрирајќи ги постојните населби и нивните заедници. Дигиталната картографија на туризмот, како една од целите на школата, треба да го позиционира влијанието кое туризмот го има врз локалните заедници на Охрид и искуството на градот, истовремено од гледна точка на домаќинот и на посетителот. Платформата за туризам ќе ја предизвика постојната архитектонска типологија со реструктурирање на нејзиниот односот помеѓу аспектите на домување и сместување. Методот на работа на оваа летна школа ќе се обиде да покаже дека овој предизвик не треба да им се препушти на профитно-ориентирани корпорации, туку ќе работи на создавање на концепти за современа интерпретација на богатите локални архитектонски традиции.
Airbnb – The Windows Billboard, Milan, Italy
Како да се аплицира?
Заедно со формуларот за апликација (http://tiny.cc/ohridss), кандидатите треба да поднесат макс. 5 А4 страници Портфолио + CV (вклучувајќи слика) во pdf формат на следната адреса: [email protected]
Крајниот рок за аплицирање е 10 јуни 2019 година. Избраните учесници ќе бидат известени пред 14 јуни 2019 по електронска пошта. По завршувањето на летната школа, ќе се додели сертификат + 2 ЕКТС. Забележете дека местата се ограничени!
Надоместок за учество на Летната школа е 170 евра по учесник, кој вклучува работилница, сместување (8 ноќевања), оброци и превоз Скопје – Охрид – Скопје.
КОНТАКТ:
fb https://www.facebook.com/ohridss/
in https://www.instagram.com/issad.uacs/
web https://ohridss.tumblr.com/