Насловна / Арт и дизајн / Седиштето на Обединетите Нации во Њујорк како збирка на уметничко богатство

Седиштето на Обединетите Нации во Њујорк како збирка на уметничко богатство

Седиштето на Обединетите Нации (ОН) во речиси осум децении има собрано бројни уметнички дела и е дом на малку позната но драгоцена збрирка. Во зградата на East River во Њујорк, се наоѓаат речиси 400 уметнички дела, кои таму стигнале како донација од 150 меѓу 193-те земји членки.

on1

Некои од нив можат да се видат во туристичките обиколки на зградата на ОН. Тие ги прикажуваат историските настани, уметничките трендови и посебностите на земјите донатори, од кои некои како на пример поранешна Југославија, Источна Германија или Советскиот Сојуз престанаа да постојат.  Меѓу најспектакуларните дела е „Војна и мир“, два мурали кои ги врамуваат вратите на салата на Општото собрание, од бразилскиот уметник Candidо Portinari. На влезот во салата делегатите гледаат слика во војна и очај, а на излезот го гледаат светот во мир и хармонија, што е алегорија на темелната цел на ОН – решавање на судирите со дијалог.

on2

 

Во 1964 година, Шагал лично го доставил до ОН својот витраж „Прозорци на мирот“, дело кое во меѓувреме е оштетено, но никој не знае како. Тоа е дел од збирката која во ОН е составена по загинувањето на генералниот секретар на ОН Hammarskjold и 15-те вработени во ОН во авионската несреќа на нивниот пат за мировни преговори во тогашен Заир во 1961 година.  Почитта и воодушевувањето на вајарот Henry Moor кон Hammarskjold, го мотивирало уметникот да ја донира својата  „Лежечка фигура“ која е изложена во градините на ОН.

on3

on4

Монументалната брознена скулптура на американската уметница Barbarа Hepworth се истакнува пред влезот во ОН. Во опкружувањето на зградата се наоѓа и  „Споменик на мирот“, дело на хрватскиот вајар Антун Аугустинчиќ.  Висок е 5,5 метри, тежок пет тони, и стои на постамент од 10 метри изработен од брачки камен.

on5

 

Меѓу останатите има и дела од злато од Саудиска Арабија и Бахреин, африкански скулптури, голема кинеска вазна и голем персиски тепих со грешка во ткаењето, а збирката ја збогатува и мебел од светски познати дизајнери. Една украинска таписерија ги прикажува ужасите на катастрофата во Чернобил. Тука е и склулптурата „Доброто го победува злото“, донација од Советскиот сојуз. Го прикажува Јуриј (Георгиј) како го убива змејот и во целост е изработена од куќишта од нуклеарна муниција.

on6

Репликата на славната „Герника“ на Пикасо, ги дочекува делегациите на влезот во просторијата на Советот за безбедност и претставува постојан потсетник на ужасите на војната. Таа е во сопственост на семејството Rockefeller, и е позајмена на ОН. Било која земја може да донира уметничко дело, а единствен услов е да не биде навредливо. Не смее да навреди некоја земја членка и мора да зборува со позитивен јазик кон сите.

Испрати коментар

Scroll To Top