Уште во почетокот на шеесеттите години на минатиот век, некој се досетил дека автомобилските седишта може да бидат удобни фотелји. Така популарното „фиќо“ го зазема своето место во историјата на Собранието на Крагуевац. Пензионерот Мирослав Андриќ, кој целиот работен век го поминал во одржување на објектот на градското собрание, вели дека многу важни одлуки за Крагуевац се донесени токму на овие седишта. На тапацирање фотелјите биле само еднаш, и тоа пред 40 години. „Навистина се работи за квалитет, инаку немаше да траат сите овие години“, вели Андриќ. Во салата на Собранието се поставени вкупно 270 фотелји, односно седишта од „фиќо“.
Приказната на малиот автомобил кој одбележа цела епоха во поранешната држава почнува во 1955 година. Раководството на земјата го препознава квалитетот на делото на конструкторот Данте Ѓакозе. Истата година почнува да се произведува овој автомобил по лиценца на „Фиат“ во „Црвена застава“ во Крагуевац. Цели три децении се произведувал овој модел на автомобил, односно до 1985 година. Седиштата од „фиќо“ биле удобни и за тогашните претседатели и министри. Но, сепак одборниците на Крагуевац најдолго седат во нив. Овие фотелји се уште се најбараните во Крагуевац.