Насловна / Вести / Седете дома, но и виртуелно шетајте низ прекрасни градини

Седете дома, но и виртуелно шетајте низ прекрасни градини

Глобалната пандемија од коронавирусот го затвори населението во домовите. Кога се луѓето затворени силна е желбата за прошетка низ некој парк. Во време кога е важно да останеме дома можеме виртуелно да се прошетаме и да ги истражиме познатите светски паркови и градини од безбедноста на својата соба.

Градините на Версај, Париз, Франција

versaj

Избегнете ја гужвата од туристи, секогаш присутни во голем број во најславната француска градина на светот. Луј XIV 1661. година му наредил на пејзажниот архитект Андре ле Нотр да ги скроти шумите и мочварите и да создаде ремек дело во чест на симетријата и редот, карактеристични за француската градина. Прошетката низ градините на Версај можете да ја направите на Tour the Gardens of Versailles.

The Gardens of Trauttmansdorff Castle, Јужен Тирол, Италија

tirol

Прошетка низ сончеви падини во една од најважните историски градини во Италија и посета на средновековниот замок Trauttmansdorff можете да направите на 360-degree tours. Прв пат воспоставена во 1850. година, посетителите на оваа градина можат да лутаат низ 83 различни градини, вклучувајќи и 700-годишен масленик, бамбус шума и цветен ѕид.

Кралските ботанички градини во Kew, Лондон, Велика Британија

london

Некогаш игралиште за кралеви и кралици, Кралските ботанички градини во Kew се заштитени од УНЕСКО и во нив се наоѓа најголема светска колекција на растенија. Можете да ги погледнете на www.kew.org  да направите обиколка на палатата и стаклениците, вклучувајќи ја и најголемата стаклена куќа Temperance House со 27.000 видови растенија.

Hawaii Tropical Botanical Garden, Хаваи, САД

Прашума од палми со интензивни бои на цветови од хибискус и поглед на Тихиот океан, единствена прошетка на разновидната топографија на Hawaii, O’ahu, Kauai и Maui. Ќе преминете од песочни плажи на бујна вегетација и вулкански полиња.

Buffalo Botanical Gardens, САД

bafalo

Frederick Law Olmstead, познат пејзажен архитекта од њујоршкиот Централ Парк, дизајнирал една од најстарите ботанички градини во градот Бафало во државата Њујорк. Овде www.buffalogardens.com можете да ја посетите оваа градина влегувајќи во стаклената купола во викторијански стил, висока 120 метри, исполнета со тропско овошје.

Inhotim Institute and Botanical Gardens, Brumadinho, Бразил

btazil

Оваа меѓународно позната уметничка колекција и градина издлабена од бразилската савана ја водел ексцентричниот рударски магнат Бернадо Паз. Видеата, инсталациите, скулптурите и сликите извираат во 23 павилјони на имот од 5.000 хектари. Прошетката доколку се посети градината може да  три дена пеш. Љубителите на уметноста од фотелја можат да ја посетат тука.

Ботаничка градина Сао Паоло, Бразил

sao

Шетајте по патеката на мајмуни Howler, здогледајте тукани во шума и погледнете го прочуениот џиновски лилјан во градината во Сао Паоло. Основана е во 1928. година од прочуениот ботаничар Frederico Carlos Hoehnea, двата големи стакленика ја чуваат од брзото исчезнување амазонската флора и фауна. Прошетката можете да ја направите тука.

Испрати коментар

Scroll To Top