Насловна / Вести / Сечењиев мост во Будимпешта – „поврзување на татковината и нејзиното срце, разделени со Дунав“

Сечењиев мост во Будимпешта – „поврзување на татковината и нејзиното срце, разделени со Дунав“

Сечењиев ланчен мост (Széchenyi lánchíd) или само ланчен мост, висечки мост кој се протегна на реката Дунав и ги поврзува Будим и Пешта, западната и источната страна на Будимпешта е првиот постојан премин преку Дунав во градот. Отворен е по седум години изградба во 1849 година.

9

Идејниот творец на мостот, кој во народот се нарекува и Ланчен мост, бил грофот Иштван Сечењи, кого го нарекуваат и „најголемиот Унгарец“ поради неговата истакната политичка, културна и економска улога. Несомнено, било неопходно од повеќе причини да се поврзат Будим и Пешта во текот на 19 век, но за изградбата на мостот придонело и лично доживување на Сечењи: грофот откако ја слушнал веста за смртта на својот татко, во декември 1820 година, набрзина ја напуштил Виена, но неговото преминување преку Дунав се оддолжило со денови поради неповолните временски услови. Веројатно тогаш на Сечењи му созреала идејата за изградба на постојан мост, „поврзување на татковината и нејзиното срце, разделени со Дунав“, кој би можел да обезбеди непречен сообраќај меѓу источните и западните делови на земјата.

2

ЕДИНСТВЕНИОТ ПОСТОЈАН ДУНАВСКИ МОСТ ВО БУДИМПЕШТА

Истакнато достигнување на 19. век, мостот, долго време бил единствениот постојан дунавски мост во Будимпешта. Идејниот творец бил Иштван Сечењи, архитект Вилијам Тирни Кларк, изведувач Адам Кларк, а најголем дел од финансиските средства ги обезбедил банкарот Ѓерѓ Сина. Мостот е граден од 1839 до 1849 година, а четирите иконични статуи на лавови на двата краја се дело на скулпторот Јанош Маршалко.

4

Сечењиевиот мост го поврзува Рузвелтовиот плоштад во Пешта со Адам-Калрковиот плоштад во Будим. Челичните ланци, на кои виси коритото на патот, ги држат два речни камени столбови високи 48 метри во класицистички стил. Врските на ланците направени се од челични плочи со должина од неколку метри, а деловите се поврзани со големи нитни што овозможуваат ланецот да прави мали движења. Ланците се водени низ горниот дел од столбовите каде што се потпираат на големи челични седла.

7

Помеѓу двата столба ланците висат ниско, а надвор од столбовите водат до бреговите на реката каде со помали прекршувања одат под земја. Длабоко под земја, има таканаречените ланчани-комори во кои краевите на ланците се закотвени со огромни челични блокови потпрени на ѕидовите на коморите.

Мостот е долг 375 метри, широк 14,8 метри, а најдолгиот распон е 202 метра. Отворите на арките на столбовите се широки по 6,5 метри, а челичната конструкција е со тежина 2.000 тони.

3

ИСТОРИСКИ НЕВОЛЈИ

Мостот поминал низ многу историски неволји. Во 1848 година, пред крајот на работите на изградбата, тркалото на дигалката се скршило и го повлекло скелето, заедно со луѓето на него, меѓу кои и самиот Иштван Сечењи. Повеќето успеале да испливаат на брегот, еден работник за жал загинал, што извесен период ја забавило изградбата.

0

Исто така во 1848 година избувнал бунт, ослободителна борба против Хабсбуршката империја, која исто така ја одложила изградбата: двете страни се обиделе да го кренат мостот во воздух за да го забават движењето на непријателската војска.

Отворањето на мостот, завршен во 1849 година, се одржало во прилично понижувачки околности: „церемонијата“ ја водел австрискиот генерал Хајнау, кој само шест недели претходно наредил егзекуција на 12 унгарски офицери, „арадски маченици“, чии спомен е зачуван во унгарската историја до денес.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Поради тоа самиот чин на отворање не бил радосен – имало малку луѓе, а меѓу нив не бил ни креаторот на идејата Иштван Сечењи. За жал, тој ниту еднаш не го преминалмостот, бидејќи во тоа време веќе бил на лекување во психијатриска болница, каде што подоцна извршил самоубиство.

Следниот удар мостот го добил за време на Втората светска војна, кога во 1945 година германските трупи кои се повлекувале го дигнале во воздух. Реновираниот мост е отворен во 1949 година, сто години по првото свечено отворање.

6

ПОЗНАТАТА ЛЕГЕНДА ЗА ЈАЗИКОТ НА ЛАВОВИТЕ

Најпознатата легенда поврзана со мостот се однесува на џиновските скулптури на лавови. Се верувало дека скулпторот на лавовите, Јанош Маршалко, заборавил да им го издлаби јазикот, а кога тоа му го кажале на уметникот, тој бил толку засрамен што извршил самоубиство. Сепак, ова е само легенда: лавовите имаат јазик, што може да се види ако ѕирнете во вилиците на камените предатори.

10

Испрати коментар

Scroll To Top