Насловна / Вести / Сечењето на бразилските шуми може да доведе до развој на нови смртоносни инфекции

Сечењето на бразилските шуми може да доведе до развој на нови смртоносни инфекции

Шумските пожари и сечењето на шумата во Бразил се исклучително штетни за глобалната клима, но според тврдењата на научниците, во густите тропски шуми исто така се кријат и потенцијални смртоносни инфекции.  Со оглед дека уништувањето на бразилските тропски шуми не запира, научниците предупредуваат на нови ризици по човековото здравје. Голем е бројот на светски научници кои актуелната пандемија ја поврзуваат со она што се случува во животната средина. Исто така, неконтролираното сечење на тропските шуми во Амазонија, не само што носи катастрофални последици за климата, туку ослободува и нови болести, односно овозможува инфекциите од животните да преминат на луѓето.

„Веќе најмалку две децении, научниците го повторуваат истото предупредување: истовремено со ширењето на населението во подрачјето на Амазонија расте и ризикот микроорганизмите поради губењето на рамнотежата во природата да преминат на луѓето“, изјавила за Deutsche Welle Ана Лусиа Турино, доктор по екологија од Федералниот универзитет Мато Гросо. „Затоа веста за ширењето на новиот корона вирус откриен во Кина, кој набрзо с ерашири на целиот свет, не претставува изненадување. А кога еден вирус кој не е дел на нашата еволутивна историја го напушти својот природен домаќин и влезе помеѓу луѓето, тогаш настанува хаос“. Додека е изолиран во рамнотежа со својот еко систем, тој не претставува опасност за луѓето. Проблемот настанува кога овој природен резервоар ќе се уништи, а човекот со своите активности го прави токму тоа. Научните студии објавени години пред пандемијата, веќе покажале корелација помеѓу загубата на шумите, ширењето на лилјаците во деградираните подрачја и корона вирусот. Дополнителен пример е студијата на Анете Афелт, од Универзитетот во Варшава, која заклучила дека високите стапки на уништување на шумите во последните 40 години во Азија, се показател дека следната сериозна заразна болест би можела да се појави токму на овој континент.

def2

def3

 

Испрати коментар

Scroll To Top