Еден пример за одржлива архитектура е објектот Bullitt Center кој се наоѓа во Seattle, USA. Тој е дизајниран да биде еден од најдобрите еко-одржливи, комерцијално-деловни објекти. Покривот на Bullitt Center е составен од 575 фотоволтаични панели, кои опфаќаат површина од 1.300 м2, со капацитет за производство на 230 MWh електрична енергија на годишно ниво.
Интересно е што овие фотоволтаици не се позиционирани и насочени на конвенционален начин, според географската ширина. Бидејќи временските услови во овој крај преку зима се доста неповолни за производство на електрична енергија, дизајнерите се решиле да го максимизираат производството во летните периоди.
За потребите за греење и ладење на овој објект се користи геотермална енергија. Сите материјали од кои е изграден се обезбедени од добавувачи во радиус од 800 километри. Со цел да се минимизира употребата на бетон, вертикалната структура е направена од дрвени греди кои се зацврстени и зајакнати со челична рамка.
Насловна / Екологија / Енергетска Ефикасност / Seattle Bullitt Center – одржлив архитектонски концепт