Познатиот шпански бренд најавува враќање на пазарот на ефтини електрични автомобили со нов модел од помал формат, кој ценовно ќе биде под психолошката граница од 20.000 евра.
Имено, евидентно е дека Seat, доколку сака долгорочно да опстане во Европа, порано или подоцна ќе мора да понуди или подобро кажано да се врати на електричните модели. Комерцијалниот успех кој го постигна сега згаснатиот модел Mii Electric, сеуште му дава надеж на брендот дека може да постигне поголем успех со своето следно електрично возило. Така шпансите ќе тргнат по стапките на Volkswagen, Renault и Citroen, барајќи спас во развојот на помал и подостапен електричен модел. Притоа, цената е клучен и одлучувачки фактор, па затоа веќе е утврдено дека таа мора да биде пониска од 20.000 евра.