Насловна / Екологија / Се затвора термоцентрала загадувач во Бугарија

Се затвора термоцентрала загадувач во Бугарија

bugarija cezz

Чешката енергетска компанија ČEZ соопшти дека од 2015 година привремено ќе го прекине производството на термоцентралата на јаглен во Варна, која не ги исполнува ЕУ стандардите за заштита на животната средина. ČEZ не успеа да се договори со бугарската државна енергетска компанија за заедничко финансирање во опрема за прочистување на димните гасови бидејќи во принцип се работи за инвестиции кои не носат профит. Термоцентралата користи увозен јаглен, а со својата локација на брегот на Црното Море има оптимални услови за транспорт на горивото. Сепак, оваа термоцентрала ќе биде во ладна резерва, односно ќе биде ставена во функција во случај на прекин на испораката на рускиот гас.

 

Испрати коментар

Scroll To Top