Познатиот италијански кафе бар и ресторан Antico Caffe della Pace, кој многупати бил делили кулиса од големите холивудски филмови, наскоро ќе биде затворен.
Сопствениците на зградата на римскиот плоштад Пјаца Навона, каде што се наоѓа ресторанот, ги потпишале документите за затворање на познатиот ресторан Antico Caffe della Pace.
На местото на омилената туристичка дестинација ќе се појави бутик хотел без оглед на сите петиции и писма напишани од страна на вознемирените жители на Рим. А вознемирени се со причина, бидејќи овој кафе бар и ресторан е дел од историјата, тука се снимени филмови како „Кум“ на Копола или „Од Рим со љубов“ на Вуди Ален...