Ефектите и влијанието на глобалното затоплување се забрзуваат, се вели во нов научен извештај за климатските промени, објавен во пресрет на самитот на оваа тема во Обединети нации.
Податоците собрани од Светската метеоролошка организација (ВМО) покажуваат дека петгодишниот период 2014-2019 бил најтопол досега. Глобалните температури пораснале за 1,1 Целзиусов степен од 1850 година, а само во последните пет години за 0,2 степена.
Ова е последица на огромните емисии на јаглероден диоксид во атмосферата, што во овој период било за 20 отсто поголемо отколку во претходните пет години.
Просечната стапка на покачување од 1993 до денес изнесува 3,2 милиметра годишно, но од мај 2014 до 2019 тоа било пет милиметри годишно.
Околу 60 шефови на држави ќе учествуваат на специјалниот самит за климатски промени на ОН и од нив ќе се очекува да објават нови мерки и акции против глобалното затоплување. Некои големи држави како САД, Јапонија, Австралија и Бразил нема да земат учество.