Најавата за „смрт“ на дизел моторите, ги присилуваат конструкторите на радикални чекори. Така, една деценија откако технологијата PDE (Pumpe Duse Einheit) е симната од сцената, се најавува нејзино враќање на голема врата. Имено, оваа технологија беше користена од страна на Volkswagen во периодот од 1198 до 2008 година. Се работи за директно вбризгување преку склоп на пумпа и бризгалка со висок притисок, кој се вградува посебно во секој цилиндер (Unit Injector). Иако не обезбедува оптимална прецизност нa регулацијата, сепак овозможува 5-10% пониска потрошувачка и пониска емисија на CO2.
Последните истражувања покажуваат дека со овој систем може да се постигнат добри ефекти по однос на емисијата на азотни оксиди и честички чад, бидејќи во меѓувреме значително е напредната технологијата на зафаќање и отстранување на овие штетни компоненти од димните гасови. Сега овој систем без проблеми може да ја исполни Euro6b нормата, која стапува на сила наесен 2019 година.