Насловна / Вести / Се враќа популарниот „москвич“- се произведува во фабриката на „Рено“ во Москва

Се враќа популарниот „москвич“- се произведува во фабриката на „Рено“ во Москва

Компанијата „Москвич“ соопшти дека по дведецениска пауза го рестартира производството на возила. Новите автомобили ќе се произведуваат во поранешната фабрика на „Рено“ во Москва.

Министерството за индустрија и трговија на Русија објави дека по дведецениска пауза повторно ќе започне производството на автомобили „москвич“, кои се произведуваа за време на Советскиот Сојуз, пренесе Ројтерс.

м2

Новите возила ќе се произведуваат во Москва, во поранешната фабрика „Рено“, која го продаде мнозинскиот удел во компанијата „Автомаз“ на руската влада. Оставена е можност на „Рено“ повторно да го откупи својот удел во компанијата во рок од шест години.

До крајот на годината се планира да се произведат околу 600 возила, а целта е да се произведуваат 100.000 возила годишно, од кои дел ќе бидат електрични.

м1

„Првите москвичи ќе се симнат од производната лента во декември 2022 година“, се вели во најавата на производителот на камиони „Камаз“, технолошки партнер на „Москвич“.

„Известија“ пренесува дека се произведуваат кросовери „Москвич 3“, а продажбата низ Русија ќе започне во март следната година.

м3

Испрати коментар

Scroll To Top