Училишните згради во селата Горно Лакочереј, Требеништа и Центар Жупа, како и во општинската зграда во Македонски Брод денеска стартуваа активности за мерење на нивната енергетската ефикасност. Техничката документација добиена од мерењето ќе послужи како основа за барање средства од фондови наменети за решавање на проблемите со губитоците на енергија.
Активностите се во рамки на проектот „Зголемување на енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија во прекуграничниот регион“ што го спроведува Здружението МАЦЕФ од Скопје, а во кој како партнер се јавува Центарот за развој на Југозападниот плански регион на чија територија односните активности.
Во рамките на споменатиот проект кој е финансиран од страна на Европската Унија од програмата за меѓугранична соработка на Македонија и Албанија беа реализирани поголем број активности, а најзначајна е Студијата за ЕЕ и ОИЕ која општините може да ја употребат како основа за обезбедување функционални енергетско-ефикасни објекти.
Центарот за развој на Југозападниот плански регион заедно со МАЦЕФ изграденото партерство ќе го употребат за добивање средства од ЕУ со цел продолжување на активностите во доменот на енергетската ефикасност на локално ниво.