Мост во изградба се урна во неделата во градот Багалпур во индиската држава Бихар – втор пат во последните 14 месеци.
Два дела од мостот во изградба, еден по друг, се урнаа и паднаа во реката Ганг.
Не е пријавено дека има жртви или повредени. Наредена е истрага за уривањето на мостот која ќе утврди кој е одговорен.
Дел од истиот мост во изградба се урна и на 30. април минатата година. Тогаш како причина за инцидентот беше посочен лабав кабел, но граѓаните ја обвинија корупцијата поради која, како што се сомневаат, се употребени неквалитетни и евтини градежни материјали.
Темелите за мостот преку рекката Ганг поставени се уште во февруари 2014 година. Првично е планирано да биде завршено до март 2020 година, но завршувањето веќе е одложено за повеќе од три години.
Нова несреќа може да го одложи крајот на работите барем за уште неколку години, сметаат експертите во Индија.
Мостот долг 3,16 километри би бил шестиот мост преку Ганг што го поврзува северниот дел на Бихар со јужниот и вториот мост преку Ганг во областа Багалпур.