Насловна / Архитектура / Се урна дел од зграда на познат мексикански архитект

Се урна дел од зграда на познат мексикански архитект

Дел од предниот дел на Plaza Artz Pedegral, изграден во 2012 година, според проект на познатиот мексикански архитект Sordo Madaleno, се распадна под нејасни околности.

3
На социјалните мрежи веќе циркулираат видеа за делумното уривање на Plaza Artz Pedegral, објект во Мексико Сити кој е изграден пред шест години, а потпишан од Sordo Madaleno Arquitectos. Од што е предизвикан падот се уште не е познато, единствено што се знае е дека нема повредени.

meksiko-srusena-zgrada
Евакуацијата на зградата е завршена непосредно пред да се распадне еден дел од неа. Според властите, имало индикации дека зградата ќе се урне, па затоа било одлучено да се евакуираат вработените, што се покажало како добра одлука.

2
Бирото Sordo Madaleno Arquitectos издаде соопштение во кое тие жалат за инцидентот и веднаш контактирале со градските власти за да помогнат во разјаснувањето на несреќата.

 

Испрати коментар

Scroll To Top