Екипи на Град Скопје во текот на изминатава недела уредија дел од зеленилото на булеварот „Видое Смилевски Бато“, во реонскиот центар Аеродром, со вкупна површина од 2.200 квадратни метри.
Откако се изврши прекопување на земјата и се постави систем за автоматско наводнување на зеленилото со 25 прскалки и тајмери, се израмни површината и се насеа трева.
Во текот на наредната недела ќе се уредува и зеленилото пред објектот на поштата на булеварот „Видое Смилевски Бато“.
На уредувањето на зеленилото работеа екипи на ЈП „Паркови и зеленило“.