Насловна / Вести / Се тестираат батерии со домет од 2000 километри

Се тестираат батерии со домет од 2000 километри

Кинеско – австралиската компанија  Brighsun New Energy тестира нов тип на батерии благодарение на кои електричните возила ќе можат да минуваат и до две илјади километри со едно полнење. Стручњаците од оваа компанија, која меѓу останатото развива технологии за електричните возила, на новите литиум сулфурни (Li-S) батерии работат веќе осум години. Енергетската густина на тие батерии е од пет до осум пати поголема од конвенционалните, а тестирањата  на компанијата  SGS  покажуваат дека тие задржуваат 91% од својот капацитет и по 1700 циклуси на полнење. Посебно е интересно да се истакне дека очекуваниот експлоатациски век на овие Li-S батерии е околу два милиони километри.

li-s1

li-s2

li-s3

Испрати коментар

Scroll To Top