Владата на Србија усвои заклучок јавното претпријатие „коридори Србије“ да се припои кон „Путеви Србије“. Според премиерот Александар Вучиќ, ова требало да се направи порано.
Ситуацијата во јавните претпријатија е таква што мора да се направат итни реформи, смета Вучиќ, а најави и кадровски промени.
-ќе пробаме да заштедиме, да имаме помалку административни работници, повеќе стручни, а помалку партиски, повеќе од оние кои ќе можат да ги решат проблемите, вели српскиот премиер.