Насловна / Вести / Се спојува највисокиот мост на подрачјето на поранешна Југославија

Се спојува највисокиот мост на подрачјето на поранешна Југославија

Највисокиот мост во регионот на поранешна Југославија, е мостот Морачица, на дел од автопатот Бар-Болјаре, кој во моментот е во изграбда. Досега завршени се 100 од вкупно 960 метри од распонската конструкција на мостот. Се очекува спојувањето на распонската конструкција да се изведе на почетокот на идната година. На сите пет столбови од мостот завршени се 10-12 метри од распонската конструкција од двете страни. Овие работи с еизведуваат во сегменти чија должина се движи од 2,5 до 4 метри.

Како што се наведува, за изградбата на распонската конструкција на Морачица ќе бидат потрошени околу 30.000 метри кубни бетон, како и 5,200 тони арматура. Мостот е проектиран за максимална брзина на ветерот од 30 m/s. Висината на столбовите е 160 метри, додека распонот од самото дно на коритото на Морача, до горната точка на мостот е 202 метри. Изведувачи на работите се кинеските компании  CCCC и CRBC.

moracica1

moracica2

moracica3

moracica4

moracica5

moracica6

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top