Француската автомобилска компанија Renault, достави официјална понуда за спојување со долгогодишен партнер, компанијата Nissan Motor. Французите предлагаат спојување на компаниите по системот на холдинг, што ќе им овозможи и на двата партнера рамноправна сопственост и застапеност во управувачката структура.
Renault и Nissan, заедно со третиот партнер Mitsubishi, произведуваат 10,8 милиони автомобили секоја година, што е речиси двојно повеќе во однос на глобалната испорака на Ford.