Претстојниот Sarajevo Film Festival, ден пред свеченото отворање ќе направи специјална предфестивалска проекција на работната верзија на филмот посветен на Емерик Блум, на познатата режисерка Јасмила Жбаниќ. Таа со својата екипа трага по филмска архива, фотографии и приказни за Емерик Блум, некогашниот директор на “Енергоинвест“ и градоначалник на Сараево (1981-1983). Се одучиле за една ваква проекција на филмот кој сеуште не е завршен, со цел на граѓаните на Сараево да им покажат што досега имаат пронајдено и како самите граѓани би можеле да помогнат во завршувањето на филмот. Ова е уникатен процес каде во создавањето на филмот можат да учествуваат сите граѓани, соопштуваат организаторите на фестивалот.
Емерик Блум, во повоена Босна и Херцеговина (по Втората светска војна), од мало проектантско биро со неколку вработени ја формира светски познатата фирма „Енергоинвест“ која ја водеше Босна и Херцеговина но и тогашна Југославија во денес незамисливи успеси. „Како тоа било можно?“и „Дали граѓаните на Босна и Херцеговина заборавиле кој бил Емерик Блум“?, се прашањата кои ги поставува Јасмила Жбаниќ.