Легендарниот хотел „Југославија“ во Белград ќе започне да се руши во декември, со цел на негово место да никне модерен комплекс, кој исто така ќе содржи хотел од некој од познатите ланци на хотели. Познатиот лустер со Сваровски кристали, кој е влезен и во Гинисовата книга на рекорди ќе биде сочуван. Освен новиот хотел, на оваа локација ќе се градат и две кули, од кои едната ќе има 42 ката, а другата која ќе биде од деловен карактер ќе има 34 ката.
Новиот хотел, исто така ќе има 8 ката како и стариот, но со значително помал број соби, со цел да се исполнат стандардите на хотелите со пет ѕвезди. Ќе содржи вкупно 200 соби и претседателски апартман. Планирано е целиот комплекс да биде завршен пред Expo 2027.