Општина Центар ја започна реконструкцијата на вториот дел од улицата „Ленинова“.
По завршувањето на делот од Градски парк до булеварот „Илинден“, се поставува нов асфалт на делот до улицата „Орце Николов“.
Се работи за седум метри широк и 70 метри долг коловоз, кој имаше површинскио оштетување поради што не можеше нормално и безбедно да се одвива сообраќајот. Граѓаните на овој дел од Центар реагираа поради дупките, кои со години го отежнуваат движењето. Освен асфалтирањето, ќе се нивелираат и постоечките шахти.
Доколку дозволат временските услови, ќе се започне и со реконструкцијата на „Ленинова“ од потегот „Орце Николов“ до булеварот „Партизански Одреди“.