Механизација и екипи од јавните претпријатија на Град Скопје почнаа да го расчистуваат и рамнат просторот за новиот парк во оштината Карпош. Дел од овој простор кај хотелот „Александар Палас“ досега беше дива депонија каде се палеа огнови на отворено.
По расчистувањето, на ова место ќе има нов парк на површина од 60 илјади метри квадратни. Покрај зеленило и дрвја, ќе биде изведена и ботаничка градини, како и содржини за спорт и рекреација.