Франција се надева дека италијанската бродоградителска компанија „Финкантиери“, наскоро ќе ја превземе француската STX France, вели францускиот министер за финансии. Тој во Рим, по состанокот со својот италијански колега, рекол дека Франција не го сменила својот став по тоа прашање, со што ги отфрлил шпекулациите дека односсите на Париз со новата италијанска влада би можеле да го загрозат превземањето.
Со реализацијата на ова превземање, односно спојување на двете компании, ќе се формира една од најголемите цивилни бродоградителски компании на светот.